Топ Вести - Слушај сега
Зголемени се средствата за поддршка на научно-истражувачките проекти, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за плановите на Владата во областа на образованието во новата година.
– Јас доаѓам од образованието, универзитетски професор сум, и логично е дека образованието ќе биде еден од врвните приоритети. Ценам дека без квалитетно образование и без квалитетна наука не можеме, ниту како нација да јакнеме, ниту како држава да јакнеме. И во име на тоа ги зголемуваме средствата кои се за поддршка на научно-истражувачките проекти. Ако започнавме со една состојба од 340 милиони денари во 2023, веќе во 2024 и 2025 се доближивме до ставката од 680 милиони денари, за сега веќе за следната година да имаме преку 770 милиони денари токму за ова. Дали е доволно? Не е. Дали треба повеќе? Треба. Но е многу повеќе, би рекол, од тоа што беше состојба која што ја затекнавме. Така што очекувам во годините кои што следат, и со измените во Законот за високо образование, во кој што моите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат трудови, научно-истражувачки трудови кои ќе бидат објавувани во списанија со фактор на влијание и кои ќе бидат дел од базата на Томсон Ројтерс – изјави премиерот.
Доколку како држава сакаме еден универзитет да биде во првите илјада според Шангајската листа, мора да се зголеми бројот на научни трудови во списанија со фактор на влијание.
– Бидејќи направивме една анализа која што нè води кон тоа дека, ако сакаме да имаме универзитет кој што ќе биде во првите илјада според Шангајската листа, мораме меѓу осум и десет пати да го зголемиме бројот на научни трудови коишто, како држава, како универзитети, треба да ги објавуваме во научни списанија со фактор на влијание, а се дел од базата Томсон Ројтерс или позната како Web of Science – рече тој.
Според Мицкоски, со последните зголемувања, прилично се достоинствени примањата на редовните професори, на вонредните, на доцентите и на асистентите.
– И мислам дека сега треба да се свртиме кон науката и за тоа што е основна дејност на еден професор. Покрај образовната, тој има и научна дејност, односно обврска да твори и во науката. Очекувам во годините кои следат, по усвојувањето на новиот Закон за високо образование, да имаме плодотворна активност на моите колеги и, на крајот на овој мандат од оваа влада, да се радуваме на параметарот во кој ќе имаме барем еден универзитет во првите 1.000 според Шангајската листа – додаде премиерот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖