Вчера екипите беа на терен – посветено и одговорно, затоа што грижата за нашата општина не познава викенд.

Се вршат активности за расчистување на каналите низ повеќе населени места, каде што со години наназад бујната вегетација го попречува протокот на водата и претставува потенцијален ризик за поплави и други проблеми.

Работните тимови интензивно сечат, расчистуваат и отстрануваат диворастечка вегетација со цел да воспоставиме нормален проток и подобрена хидротехничка инфраструктура.

Состојбата со дивите депонии е навистина лоша – ги има на повеќе локации, создаваат грда слика и директно влијаат врз животната средина и здравјето на граѓаните.

Затоа денеска се работи и на нивно отстранување, со јасна цел: да ставиме крај на ваквите појави и да воведеме ред, план и континуирано одржување.

Овие проблеми нема да се решат преку ноќ, но веќе ги правиме првите сериозни чекори и уверувам дека ова што денес го гледаме како „лоша глетка“ многу брзо ќе стане минато.

Ги повикувам сите граѓани да ни помогнат со одговорно однесување и поддршка на иницијативите за почиста и зелена Дебрца.

Заедно можеме да ја направиме Дебрца место какво што сите го заслужуваме – уредно, чисто и безбедно.