На булеварот Борис Трајковски во Скопје, вчера околу 23 часот, се судрија „фолксваген голф“ и „БМВ“, двете со скопски регистерски ознаки. „Голфот“ го управувал 56-годишниот С.Х. од Скопје, а „БМВ-то“ 28-годишниот Ф.П., исто така од Скопје.
Ударот бил толку силен што возачот на „голфот“ починал на самото место. Екипа на Итната медицинска помош само ја потврдила неговата смрт. Повредени се неговите сопатници – 52-годишната Н.Х., 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје, како и 28-годишниот Ф.М. од Косово – а повреди добил и возачот на „бмв-то“. Сите биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им биле констатирани телесни повреди.
На местото на несреќата работеше јавен обвинител заедно со полициски екипи. По негова наредба, телото на загинатиот е предадено на обдукција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖