Во австриската покраина Долна Австрија денеска се судрија мал автобус и камион на автопатот меѓу Грац и Виена. Според полицијата, во несреќата загинале четири лица, а најмалку тројца се тешко повредени, пренесува австриската новинска агенција АПА.
Несреќата се случила во близина на Шајблингкирхен, околу 80 километри јужно од Виена. Четири лица загинаа, а шест се повредени, од кои најмалку тројца потешко. Тешко повредените се пренесени во блиските болници.
Засега не е позната причината за судирот, ниту идентитетот на жртвите, изјави портпаролот на полицијата.
Автопатот кон Виена е затворен поради сообраќајна несреќа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖