Се степале 2 затворенички во затворот во Идризово, соопшти полицијата.
Едната од нив завршила во болница со тешки повреди.
„На 24.2.2025 година во 14.54 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 23.2.2025 околу 21.20 часот во женското одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу осуденичките Х.Д. и Е.А.. Притоа Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полиција