Се разгоре вербална војна помеѓу Маск, ЕУ и САД

Lorita
By Lorita
7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако милијардерот Илон Маск повика на укинување на ЕУ реагирајќи на европската казна за платформата „X“ и лично за  Маск за кршење на правилата за транспарентност на платформата започна вербална војна  меѓу политичарите од двете страни на океанот.

Дополнителен повод за вербалните напади предизвика и Стратегија за национална безбедност на САД, во која се вели дека Европа поминува низ внатрешна криза што се заканува да ја направи спореден играч во новиот мултиполарен поредок.

Маск, остро реагираше на казната од 120 милиони евра што ЕУ ја изрече на неговата мрежа за кршење на правилата за транспарентност на Законот за дигитални услуги (DSA). Од своја страна, Маск рече дека казната не е само удар за „X“, туку и за него лично, и повика на укинување на ЕУ и враќање на суверенитетот на земјите-членки.

Претходно, американскиот државен секретар Марко Рубио ја нарече казната „напад од странски влади врз сите американски технолошки платформи и американскиот народ.

– ЕУ треба да се укине, а суверенитетот да им се врати на поединечните држави, за да можат владите подобро да ги претставуваат своите народи – рече Маск.

По изјавата на милијардерот за  укинување на ЕУ, се огласи ја европските политичари.

– Одете на Марс. Нема цензура на нацистичките поздрави – му рече полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикроски, веројатно мислејќи на многу критикуваниот поздрав на Маск за време на инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари, објави „TVP World“.

Објавите на Маск за ЕУ го привлекоа вниманието на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој има историја на провокативна активност на социјалните медиуми.

Како одговор на објавата во која се наведува дека на европските земји треба да им се врати суверенитетот, Медведев одговори: „Точно така“.

- Advertisement -
Ad image

– Ако некој сè уште се сомневаше кому му служат овие анти-ЕУ приказни за суверенитетот – на оние кои сакаат да профитираат ширејќи омраза и на оние кои сакаат да ја освојат Европа – одговори на тоа Сикорски.

Додека портпаролот на Европската народна партија (ЕПП), Андреас Шваб, ја бранеше казната, ветувајќи уште построги идни мерки од Европската комисија, конзервативните европски гласови – вклучувајќи ја и лидерката на Алтернатива за Германија (AfD), Алис Вајдел – застанаа на страната на Маск. Маск ја поддржа AfD пред изборите во февруари и им се обрати на поддржувачите на партијата преку видео врска на митинг во Хале, велејќи дека нивната партија е „најдобрата надеж на земјата за иднината“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, исто така, ја изрази својата поддршка за Маск.

- Advertisement -
Ad image

– Кога бриселските господари не можат да добијат дискусија, тие прибегнуваат кон казни. На Европа ѝ е потребна слобода на говорот, а не неизбрани бирократи кои одлучуваат што можеме да читаме или да кажеме – напиша тој на „X“.

Освен спорот околу слободата на говорот, односите меѓу Вашингтон и Брисел се затегнаа по објавувањето на новата Стратегија за национална безбедност на Трамп, која ја осудува ЕУ како антидемократска, пишува „TVP World“.

Трамп и неговата администрација ја обвинија ЕУ и миграцијата за она што го тврдат дека е неизбежна и целосна културна дезинтеграција на Европа. Ова експлозивно тврдење беше изнесено во Стратегијата за национална безбедност, во која се наведува дека Европа има економски проблеми, но дека тие се „засенети од реалната и многу посериозна можност за бришење на цивилизацијата“ во следните 20 години.

Поголемите проблеми со кои се соочува Европа вклучуваат активности на ЕУ и други транснационални тела кои ги поткопуваат политичките слободи и суверенитет, миграциските политики кои го трансформираат континентот и создаваат конфликти, цензурата на слободата на говорот и потиснувањето на политичката опозиција, падот на стапките на наталитет и губењето на националните идентитети и самодовербата – според документот од 33 страници објавен пред два дена.

Европа е вашиот најблизок сојузник, а не вашиот проблем. И имаме заеднички непријатели. Барем така беше во последните 80 години. Мора да се држиме до тоа, тоа е единствената разумна стратегија за нашата заедничка безбедност. Освен ако нешто не се променило – напиша полскиот премиер Доналд Туск во порака упатена до „драги американски пријатели“.

Според „TVP World“, ретко е полски политички лидер да ги критикува САД, бидејќи Варшава често го нагласува својот близок однос со Вашингтон. Порано оваа година, министерот за одбрана на Трамп, Пит Хегсет, ја нарече Полска „примерен сојузник“.

Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, рече дека САД „останува наш најголем сојузник“, и покрај документот кој „експлицитно ги поддржува националистичките крајно десничарски партии во Европа“.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул (CDU) рече дека Германија не сака совети за тоа како да го организира своето општество „од која било земја, од која било партија“, додавајќи дека иако САД се најважниот сојузник на неговата земја во НАТО, „прашања како што се слободата на изразување, мислењето и начинот на кој го организираме нашето либерално општество… не се дел од тоа“.

Лидерката на групата „Да ја обновиме Европа“, Валери Хејер, од „Преродбата на Макрон“, ја нарече американската стратегија „неприфатлива и опасна“, а администрацијата на Трамп „непријател на Европа“.

-Мораме да престанеме да се однесуваме како нејзин пријател – рече таа.

Спротивно на тоа, Балаж Орбан, политичкиот директор на унгарскиот премиер, рече дека американската анализа на Европа го кажува истото што Унгарија го повторува веќе 15 години.

-Според таа стратегија, Европа има иднина само ако ја врати својата цивилизациска самодоверба и раскине со регулаторниот модел на Брисел кој ја задушува европската економија – вели тој.

Share This Article