Поранешната американска актерка Марла Мејплс, која сепак на пошироката јавност ѝ стана позната како поранешна сопруга на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, во неделата се појави на доделувањето на наградите Греми за 2025 година во Лос Анџелес и ги привлече сите погледи. Како што пренесоа бројни медиуми во САД, луѓето немо ја гледале, пред сè, поради нејзиниот стајлинг и однесување.
Марла и Доналд се запознале во 1985 година, додека Трамп сè уште бил во брак со својата прва сопруга Ивана. Нивната романса полека станувала очигледна, привлекувајќи го вниманието на јавноста, која полека откривала сè повеќе детали.
Марла, како млада манекенка и актерка, станала важна фигура во животот на Трамп, што ги поттикнало гласините за нивната врска. Во тоа време Трамп дури осум дена по ред се најде на насловните страници на „Њујорк пост“ поради изјавите на Марла Мејплс за нивниот интимен живот.
Освен што е позната како поранешна сопруга на актуелниот американски претседател, Марла имала и неколку филмски улоги. Покрај тоа, таа се обидела и како пејачка, објавувајќи албум наречен „The Endless“. Исто така, во 1993 година дизајнирала облека за трудници, а колекцијата се продавала во неколку стоковни куќи. Инаку, таа во бракот со Трамп ја доби ќерката Тифани Трамп.
Сега, таа се појави на доделувањето на наградите Греми, а нејзиното појавување беше главна тема. Имено, некои сметаат дека таа дошла на ваков голем настан во најлош можен момент, бидејќи критичарите сметаат дека никој поврзан со актуелниот американски претседател не смее да биде на слични церемонии.
Има и извори кои сугерираат дека Марла не била ни поканета на наградите Греми, туку пристигнала како нечија придружба. Медиумите ја фотографираа на црвениот тепих со Рики Кеј – композитор од Индија кој има три награди Греми. Инаку, минатата година коментираше дека Марла му е добра пријателка и дека со часови разговараат за сè што му се случува во животот.
Не само што присуството на Мејплс збуни и иритира поединците, нејзиниот изглед, заснован на мислењата на критичарите, не бил воопшто добар. Имено, иако зрачела со елеганција и било јасно дека е жена која се грижи за себе, таа се најде на листата на „Дејли мејл“ како најлошо облечена гостинка на доделувањата на наградите Греми.
„Изгледа дека ткаенината е лошо скроена, поради што фустанот се гужва кога таа ќе направи еден чекор. Таа и претходно присуствувала на Греми наградите, но ова е веројатно нејзиниот најлош изглед досега, напишаа некои, сугерирајќи дека не разбрале зошто имала таков моден кикс.
Имаше и такви кои само накратко изјавија: „Очај!“
За потсетување, парот беше во брак од 1993 до 1999 година, а по разводот Трамп отворено зборуваше дека не сака повторно да се венча, но пристигнувањето на свето на Тифани, нивната ќерка, промени сè. Предбрачниот договор што таа го потпиша беше еден од најозборуваните детали за нивната врска. Трамп подоцна тврдеше дека договорот е неопходен за да може мирно да спие, бидејќи неговиот претходен развод со Ивана бил скап и полн со контроверзии.