Background

Се пензионираше Арон Ремзи, фудбалерот со најчудното проклетство

Фудбалерот со едно од најбизарните „проклетства“ во историјата на спортот, Арон Ремзи, стави крај на својата професионална кариера на 35-годишна возраст, оставајќи зад себе легенда која со години ги интригираше навивачите ширум светот.

Ремзи не беше познат само по головите, туку и по чудната коинциденција која се повторуваше – по негов погодок, во рок од неколку дена починуваше светски позната личност. Овој феномен, познат како „проклетството на Ремзи“, стана вистински интернет мит уште од 2011 година.

Приказната започна во мај 2011 година кога Арон Ремзи постигна гол за Арсенал против Манчестер Јунајтед, а само еден ден подоцна беше убиен Осама бин Ладен. Истата година, во октомври, Ремзи повторно се најде во центарот на вниманието – откако даде гол против Тотенхем, три дена подоцна почина Стив Џобс, а само неколку недели подоцна, по негов погодок против Марсеј во Лигата на шампионите, беше убиен Муамар Гадафи.

- Advertisement -
Ad image

Бизарната коинциденција продолжи и во февруари 2012 година, кога по негов гол против Сандерленд истиот ден почина пејачката Витни Хјустон. Во ноември 2013 година, Ремзи постигна два гола против Кардиф Сити, по што истиот ден во сообраќајна несреќа загина актерот Пол Вокер.

Во август 2014 година, по негов погодок против Манчестер Сити во Комјунити Шилд, следниот ден почина актерот Робин Вилијамс. Низата продолжи и во јануари 2016 година – по голот против Сандерленд, ден подоцна почина музичката легенда Дејвид Боуви, а само неколку дена подоцна, по погодок против Ливерпул, следниот ден почина актерот Алан Рикман.

Последниот случај што повторно ја разгоре легендата се случи во март 2019 година, кога Ремзи постигна гол против Тотенхем, а два дена подоцна починаа и пејачот на „The Prodigy“, Кит Флинт, како и актерот Лук Пери.

Иако станува збор за низа случајности, оваа бизарна коинциденција со години беше тема на шеги и коментари на социјалните мрежи, а секој негов гол се следеше со големо внимание.

Покрај оваа необична приказна, Ремзи зад себе остава и богата кариера. Своите фудбалски почетоци ги имаше во Кардиф Сити, а најголема трага остави во Арсенал, каде настапуваше од 2008 до 2019 година.

Подоцна играше за Јувентус, кратко за Ренџерс и Ница. Во 2023 година се врати во Кардиф, а последниот ангажман го имаше во мексиканскиот клуб Пумас УНАМ.

Со репрезентацијата на Велс, Ремзи настапи на Европско првенство 2016 кога тимот стигна до полуфиналето, а беше дел и од настапите на Европското првенство 2020 и Светското првенство 2022.

Иако ќе биде запаметен по трофеи и настапи, за многумина Ремзи засекогаш ќе остане фудбалерот со најчудното „проклетство“ во историјата на фудбалот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation