Директорот за комуникации на британскиот премиер Кир Стармер, Тим Ален, поднесе оставка,
поради скандалозната врска меѓу Џефри Епстин и поранешниот британски амбасадор во САД, Питер Манделсон, објавија светските агенции.
Ова се смета за уште еден удар врз раководството на лабуристичката влада во Лондон, предводена од премиерот Стармер, откако пред несели 24 часа оставката поднесе и шефот на неговиот кабинет Морган Мек Свини.
МекСвини поднесе оставка поради неговата улога во назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор во САД, и покрај јавните врски меѓу Џефри Епстин и Манделсон.
Ален, кој ја извршуваше функцијата околу пет месеци, им посака успех на премиерот и на неговиот тим.
„Одлучив да се повлечам за да се овозможи формирање нов тим на Даунинг стрит 10“, рече Ален во кратка изјава.
Во исто време, портпаролот на Стармер посочи дека премиерот нема намера да поднесе оставка од својата функција и е посветен на својата работа за донесување промени во земјата.
Стармер, исто така, треба да се сретне со пратениците на лабуристите подоцна вечерва, поради растечкиот притисок врз него од страна на партијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
