Топ Вести - Слушај сега
Додека трае расколот во семејството Бекам, нивни пријатели ги истакнале сличностите помеѓу врската на Никола Пелц со Бруклин и нејзината врска со поранешното момче Анвар Хадид. Сега во судирот се вклучи и една од сестрите на Анвар, Алана, нарекувајќи ја Никола „лажливка гладна за слава“ откако Бруклин побара приватност во свото долго обраќање до јавноста.
– Завршување на тирада од осум пасуси за валканите алишта на неговото семејство со „сè што сакаме е приватност“ е сè што треба да знам. Таа девојка не сака приватност. Таа се обидува да биде славна цела деценија – напиша една од сестрите Хадид (другите две се славните Џиџи и Бела Хадид).
Извор близок до семејството Хадид изјавил: „Тие (семејството на Анвар) беа загрижени дека тој се мачи излегувајќи со жена која е постара од него во толку формативен период од неговиот живот. Имаше остри зборови, а на Јоланда ѝолесна кога заврши. Кутриот Анвар беше малку збунет од целата врска.
На почетокот, сепак, ситуацијата изгледала идилично. Во едно интервју, Никола рекол за Анвар и неговото семејство: „Искрено, тој е ангел. Тој е толку неверојатна личност. Тој доаѓа од толку неверојатно семејство. Џиџи и Бела (сестрите на Анвар) се толку, толку слатки. Едноставно многу го сакам неговото семејство. Тие се толку силни, женствени девојки. Да ги имаш во близина е неверојатно.“
Сепак, со текот на времето, семејството Хадид наводно „не ја сакале“ Никола, а Јоланда се обидела да интервенира за да го освести синот.
Извор за Дејли Меил изјавил: „Мајката и сестрите на Анвар беа загрижени дека тој станува сè понесреќен во врската и сакаа брзо да се раздели од неа. Разликата во годините ги мачеше, како и силната личност на Никола. Започна толку добро, но подоцна почнаа да чувствуваат дека врската повеќе не е најдобра идеја за Анвар.“
Во огромна објава на социјалните мрежи Бруклин го обвини своето семејство дека се обидува да ја „уништи“ неговата врска со актерката, со која се ожени во 2022 година. Тој нагласи дека „не сака да се смири со своето семејство“.
Tagged as:
бившото момче на снаата на Бекамови Се огласи една од сестрите на Анвар Хадид
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
