Топ Вести - Слушај сега
На 7ми март во салата “Билјанини извори“ се одржа 6 издание на таеквондо турнирот „Охрид опен“, со што се означи почетокот на новата сезона на Македонската таеквондо лига. Во името на локалната самоуправа, пред спортистите се обрати советничката Катерина Стојаноска.
– Секогаш ми е посебно драго да бидам дел од вакви спортски случувања, кои оставаат траен белег во спортскиот живот на нашиот град и се позитивен пример за афирмација и промоција на Охрид.
Таеквондото е вековна боречка вештина која со своите правила и техники е вистински психички и физички предизвик, па затоа на сите натпреварувачи им честитам за нивната посветеност и ентузијазам да бидат истрајни во сите борбени подвизи.
Оваа можност би сакал да ја искористам и да истакнам дека сум особено горд што Охрид веќе има неколку истакнати имиња кои на наша голема радост имаат остварено врвни резултати во оваа боречка дисциплина.
На почетокот на новата сезона на сите натпревавачи им посакувам спортска среќа и добри резултати.
Се надевам, дека овој спортски настан ќе продолжи да се одржува и во иднина, со уште поголем број на учесници и дека значително ќе придонесе за промоција на потенцијалите за развој на спортскиот туризам во Охрид. До сите гости упатувам покана да го искористат својот престој тука, за да уживаат во убавините на нашиот туристички бисер Охрид – истакна во своето обраќање Стојаноска.
На турнирот учествуваа 250 натпреварувачи од Македонија, Црна Гора и Грција. Младите натпреварувачи од таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид имаа забележителни резултати, а Јана Спироска е прогласена за најдобра јуниорка на турнирот.
Сите финансиски средства собрани од спортската манифестација, ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
