Background

Сè е подготвено за годинашното издание на Вевчанскиот карневал, кој утре и в среда ќе се одржува низ улиците на Вевчани

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Сè е подготвено за годинашното издание на Вевчанскиот карневал, кој утре и в среда ќе се одржува низ улиците на Вевчани, потврди за МИА градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.

- Advertisement -
Ad image

Забавниот дел од манифестацијата започнува вечерва со настапи на Влатко Лозаноски, рап-дуото „Пука козметика“ и „Брас брадерс“. Традиционално, забавата ќе продолжи и утревечер со фолк-музика, за која годинава се задолжени Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски, како и Оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“, а вечерта треба да заврши со настап на Перо Бели и групата „Вип“.

Временските услови, како што истакна градоначалникот, не треба да бидат пречка за сите што сакаат да го посетат Вевчани и да уживаат во карневалската магија.

– Снег има, но улиците се исчистени и проодни. Континуирано се одржуваат со сол и песок и нема најава за нови врнежи. Добредојдени се сите што сакаат да бидат дел од вековната традиција – изјави Кочовски.

Тој најави ново и неповторливо карневалско издание, исполнето со препознатливиот хумор, забава и дружење. Сместувачките капацитети, иако ограничени, според него се исполнети до последното место.

Василичарскиот дел од карневалот започнува утре попладне со дефиле под маски низ вевчанските улици. Преку маските, вевчанци на сатиричен начин ќе ја прикажат изминатата година. Василичарите велат дека секоја маска е одраз на настаните, појавите и проблемите што ја одбележале годината зад нас.

– Маските се централниот елемент на Вевчанскиот карневал и неговиот најпрепознатлив симбол. Тие не се изработуваат случајно, ниту се користат само за визуелен ефект. Секоја маска носи порака, став или критика кон општеството, политиката или секојдневниот живот. Инспирирани се од актуелните случувања, поради што карневалот има улога на жив хроничар на времето – посочуваат вевчанските василичари.

Според традицијата, Вевчанскиот карневал, стар околу 15 века, започнува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва – Горна и Долна маала. Неизоставен дел од карневалот се зетот, невестата, двата ѓавола, Глупавиот Август и бројни други маски инспирирани од актуелните политички и општествени случувања.

Секое карневалско издание за вевчанци е посебно доживување. Тие велат дека ќе кажат сè, но до самиот почеток на дефилето не откриваат во што ќе се маскираат. Изработката на маските, според нив, е сложен и креативен процес кој вклучува рачна работа и оригинални идеи, што ја прави секоја маска уникатна.

Манифестацијата ќе заврши на 14 јануари со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation