Одговорност кај осомничените ќе се утврдува согласно доказите, рече републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, кој кажа дека кај најголемиот дел се испитува дали тие сториле кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето.
„Предвидена е казна од најмалку три години, а казната може да се движи до 20 години. Се испитува давање поткуп, како и незаконска набавка на пиротехнички средства“, рече Коцевски.
Засега се задржани 14 лица во полициските станици, кои се осомничени и за сите ќе се бара притвор, вклучувајќи го и ексминистерот Крешник Бектеши. Сега, може да се одреди само 48 часовен притвор, а тој по отворање на истрагата, односно по 48 часа, да има и 30 дневен притвор.
Тој додаде: „Полицијата е овластена да уапси секого, без разлика на последицата, а кој допринел со неговото однесување“, рече Коцевски.
За лицата кои се во тешка здравствена состојба, а се осомничени, постапката ќе продолжи штом тие бидат подобро.