Венко Филипче најави дека новото раководство ќе биде комбинација од искусни и млади кадри, по колективната оставка на целото партиско раководство од почетокот на декември
Лидерот на СДСМ Венко Филипче вчера потврди дека утре ќе биде објавено новото раководство на партијата, по што ќе заврши процесот на реконструкција што започна на почетокот на декември со колективна оставка на целото раководство.
Според Филипче, списокот со имињата на луѓето кои ќе го сочинуваат новото партиско раководство е веќе подготвен. Тој нагласи дека станува збор за комбинација од искусни и млади кадри, што треба да донесе нова енергија во партијата.
“Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор. Практично една нова сила во партијата, една комбинација на искусни и млади кадри”, изјави Филипче.
Тој додаде дека партијата отвора широк фронт со граѓаните, политичките чинители и граѓанскиот сектор, со цел да се спротивстави на она што тој го нарече “криминална власт”.
На 2 декември, на барање на партискиот лидер, целото раководство на СДСМ поднесе оставка. Овој потег беше презентиран како одговорен и морален чекор што отвора простор за ново поглавје во партијата.
“Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ”, соопштија тогаш од партијата.
Со утрешната објава на новото раководство, СДСМ ќе стави точка на овој транзициски период и ќе ја дефинира својата идна стратегија и организациска структура.
Tagged as:
венко Филипче СДСМ утре ја објавува новата партиска структура
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
