Топ Вести - Слушај сега
– После театарот на граница, со договорено враќање и режирано снимање, каде го видовме како Груби доаѓа насмеан, со наочари, следуваше продолжение со куќен притвор. Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција.
Тој појасни дека апесењето на Груби е театар на граница, договор во судница и ова сценариото од дилот на ВМРО-ДУИ е целосно реализирано.
„Правната држава е погребана, а дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори. Синоќа видовме зошто. За да бидат алка во рацете на власта, инструмент за реализација на политичките одлуки на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Како одлуката за куќен притвор, каде одговорноста е кај обвинителството и судството. Иако еднаш избегал, вчера обвинителството побарало поблага мерка од претходно веќе одредената мерка притвор. Еднаш избегал, а сега Обвинителството бара замена на мерката притвор со мерка куќен притвор“, рече Димитријевиќ.
На кого веќе ова сценарио не му е јасно? СДСМ два месеци говори за ова.
„Очигледно доаѓањето на Груби временски било темпирано. Прво преземање целосна контрола врз обвинителството со нова раководна поставеност, па потоа реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ. ’Не можело да му се гарантира безбедност‘, па го пуштија дома. Ниту еден час не помина во Шутка. Камерите ’случајно‘ не работеа ниту кога Груби излезе од државата, слободно, пешки, со пасош, иако бил на ’стоп‘ листата. Ама за враќањето на Груби камери има, од граница, од пречек, до Обвинителството и Судот.„ заклучи Димитријевиќ.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=I8p-upP-4l8
Tagged as:
договор во судница – сценариото за Груби целосно реализирано СДСМ: Театар на граница
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
