СДСМ отвора ново поглавје: Државата ќе се брани од криминалот на ВМРО-ДПМНЕ!

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ја презентираше новата фаза во борбата против корупцијата и криминалните шеми на власта на ВМРО-ДПМНЕ, преку две крупни иницијативи што ги најави претседателот на партијата, Венко Филипче.

Филипче објави дека СДСМ официјално ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, со цел директно да се запознае со, како што истакна, најголемата проневера на европски пари во Македонија поврзано со криминалот со ИПАРД фондовите во кој се загрозени 130 милиони евра.

Втората иницијатива што ја најави претседателот на СДСМ е формирањето на антикорупциски тим во рамките на програмата „Нова сила“.