Background

СДСМ: Оставка на Тошковски, пропустите на МВР и центрите за социјална работа доведоа до трагедија

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во гостувањето во емисијата „24 анализа“ посочи дека институциите мора да понесат одговорност за пропустите во случаите на семејно и родово базирано насилство. Шукова истакна дека статистиките се загрижувачки и дека само во 2025 година се регистрирани повеќе од пет илјади пријави за насилство, без разлика дали станува збор за физичко или психичко насилство. Таа нагласи дека проблемот е долгогодишен и дека во најновиот трагичен случај, во кој животот го загубија мајка и дете, се отвораат сериозни прашања за постапувањето на институциите.
„Законот јасно предвидува проценка на ризик во вакви случаи, која треба да ја прават центрите за социјална работа во соработка со МВР. Но, според достапните информации, иако имало повеќе пријави за насилство во период од неколку месеци, таква процена не била направена“, посочи Шукова.
Шукова потсети дека во конкретниот случај имало околу десет пријави за насилство во период од неколку месеци, што дополнително ја потенцира сериозноста на пропустите.
Таа нагласи дека токму ваквите пропусти отвораат сомнеж дека дел од службениците во надлежните институции не си ја завршиле својата работа.
„Не разговараме за квалитетот на законските решенија, бидејќи законот донесен во 2021 година обезбедува добра основа за заштита од родово базирано насилство. Прашањето е дали законите се применуваат и дали институциите постапуваат навремено“, изјави Шукова.
Таа истакна дека моралната и кривичната одговорност се различни и дека во овој случај се зборува за морална одговорност, која треба да ја понесе министерот за внатрешни работи, Тошковски, додека кривичната треба да ја утврдат надлежните институции. Според Шукова, фактот што се случил ваков трагичен настан укажува дека во центрите за социјална работа и во МВР има службеници кои не си ја завршиле својата работа.
Шукова посочи дека СДСМ веќе неколку дена по ред преку прес-конференции укажува на потребата од утврдување одговорност во овој случај.
„СДСМ останува на ставот дека мора да има морална одговорност. Токму затоа бараме оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, од морални причини, бидејќи институциите мора да покажат одговорност кога станува збор за вакви трагични настани“, истакна Шукова.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation