СДСМ:Одговори на прашања на Алфа ТВ и прашања
Одговори на прашања на Алфа ТВ и прашања
Одговорот на ТВ Алфа, како соопштение на ВМРО е напишан од Ивона Талевска, позната по врската со Латас, тој е стилот, речениците, ставовите.
Нема никаков демант за црните сценарија на кујните, за координацијата со Геро, за квислингот Деспотовски, спонзорирањето на Алта банка?
Го копира во делови нашиот начин на пишување, па зборува и за дефокус.
Класични препишувачи – ќаци.
И на крај, сето ова го пишува истата личност што пишува и за ВМРО. Ивона Талевска, позната по врската со Латас.
Што се однесува на прашањата кои Алфа повторно ги поставува ги разбираме, нема што да кажат.
СДСМ веќе одговори, а претседателот на СДСМ, Венко Филипче имаше и прес конференција каде што ги демантираше сите лаги.
Бидејќи повторно ги поставуваат истите прашања СДСМ повторно ќе одговори.
Прво прашање од ТВ Алфа:
– Дали обвинувањата на Жан Митрев се точни или не?
Одговор:
-Не се точни, станува збор за лаги измислени во рамки на сценарио на вашата црна кампања и јавен линч на претседателот на СДСМ. Исто како што измисливте дека има куќа во Нерези (ја објави новинар на Алфа), a тој демантираше, исто како што нема згради во Дубаи, Сент Мориц….
Второ прашање:
– Ако не се, каде се фактите?
Одговор:
-Вистината е факт, не може на вашата лага да има други факти.
Трето прашање:
– Ако се, кој ќе сноси одговорност?
Одговор:
-Oдговорност ќе понесат сите учесници во оваа смислено сценарио со fake news.
Е сега, во одговорот велите дека ставот на новинарот дека е “голема грешка тоа што е Трамп на позиција Претседател“ на САД не било колумна.
Сега кој ја говори вистината?
Целосно сте разоткриени.
Бидејќи ние ви одговоривме на прашањата, ве молиме вие да дадете одговори на прашањата на граѓаните на Македонија:
1. Дали Алфа ТВ нема проблем со тоа што Ивона Талевска, позната по врската со Латас, пишува во име на уредникот на Алфа ТВ, за МАН и за ВМРО во исто време, имајќи предвид дека го користи истиот начин на пишување и за соопштенијата на партијата ВМРО, за вашата телевизија и за новинарското здружение? Текстовите се премногу изедначени со оние на ВМРО, па ве прашуваме дали тоа барем малку ви пречи, без да навлегуваме во делот што ве поврзува историски со Груевски и ВМРО.
2. Дали не ви пречи тоа што Ивона Талевска, позната по врската со Латас, користи copy-paste препишувачка (ресавска) школа на Александар Вучиќ, не може ништо сама да осмисли, па во сите соопштенија копира текст од соопштенијата на СДСМ?
3. Прашање до вашата уредничка Ивона Талевска, позната по врската со Латас: колку пати била во Белград, во Претседателството, на состаноци околу copy-paste кампањата со претседателот на Србија?
4. Прашање до уредничкиот колегиум на Алфа ТВ: кој е вашиот вистински сопственик?
5. И на крај, ве молиме за коментар зошто вашиот логотип, односно знакот на телевизијата, ги има истите графички елементи како Алта банка?