Тоа се рецептите за спинување, извртување на вистината и интензивно лажење, додека се краде народот на големо преку наместени тендери.
Чиста лага е дека во време на СДСМ имало некакви злоупотреби на ИПАРД програмите ниту пак дека незаконски се набавувала пченица.
Скандалот со злоупотребите на ИПАРД средствата е оваа година и води директно до Трипуновски и кумовските врски на Мицкоски.
Скандалот со 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, исто така води до врвот на власта на Мицкоски.
Граѓаните не се слепи, гледаат и знаат се. Ова се истите шеми на Никола Груевски и Сашо Мијаков со кои се испумпаа 2 милијарди евра пари на граѓаните.
Исти ликови исти шеми. Иста банда на ДПМНЕ!
Нема да застанеме. СДСМ ја започна борбата против корупцијата и криминалот на власта и продолжуваме. Новите бомби се спремни.
Работата се уште не е завршена.

























