Background

СДСМ: Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО!

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО!

Кога ботовите ќе „зарибаат“, затоа што се програмирани само за една функција, тогаш во помош стапува најискусниот припадник на специјалната единица на кујната на ВМРО. Познат уште од времето на Груевски, член на елитната „панцир“ единица – Фрљо.

Во македонската јавност познат како џубокс-новинар. Уште одамна овој прочуен ПР-експерт си даде препознатлив слоган: „Кој ќе плати – тој ќе клати“.

Фрљо, како и секогаш, темелно пристапува кон анализата на секое соопштение на СДСМ, па дури користи и вештачка интелигенција. Па како да не, кога лично го вметна инвестирањето во вештачката интелигенција како еден од најважните столбови на новата програма на ВМРО?!

Фрљо знае дека времето малку го прегазило и затоа му е потребна помош од технологијата.

Единствено што нè загрижува е неговата, очигледно застарена, меморија. Нè чуди што Фрљо се расфрла со податоци за „српскиот свет“, а не се сеќава на сопствениот удел во него.

На пример, Фрљо не се сеќава на периодот кога работеше во еден реномиран дневен весник, а неговиот газда беше од Србија. Меморијата му „зарибала“ и кога станува збор за избришаните податоци од времето кога работеше за белградскиот „Курир“ (денес веќе јавно познато во сопственост на истиот тој Вучиќ, на кого, изгледа, единствено се сеќава). Очигледно, меморијата целосно откажала.

Иако Фрљо не е обичен бот, тој сепак е една напредна (да не кажеме – српска напредна) машина на која очигледно ѝ недостига замена на работната меморија. Можеби во тоа може да му помогне неговиот стар воен другар, ветеран Латас.

Очигледно е дека треба малку да се направи дефрагментација на старите податоци. Се насобрала прашина.

До тогаш, додека не ја замени меморијата, да го потсетиме дека некогаш одамна напиша книга со наслов „Биди новинар“. Му предлагаме да ја прочита и можеби да се потсети на некои основи на слободното новинарство. А докторите велат дека кога ќе се појави амнезија, дури и ситници од младоста можат да бидат тригер за меморијата целосно да се врати

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation