СДСМ: Дали Симе од сликите со Мицкоски е поврзан со дрогата од 5 тони?
Топ Вести - Слушај сега
Дали Симе од сликите со Мицкоски е поврзан со дрогата од 5 тони?
Со денови нема одговор на прашањето каква е поврзаноста на Мицкоски со Симе, криминалец уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари.
Цел албум со фотографии на Мицкоски во друштво на Симе, видео како пука со автоматска пушка калашников, и сите молчат.
Исто како што нема одговор ниту за дрогата од 5 тони запленета во Србија а дошла од Македонија. Особено ако се знае дека уапсените во соседна Србија се функционери и финансиери на сестринската партија на ВМРО – СНС.
Нема одговори кој ќе одговара во Македонија, кој се е замешан, каде завршиле парите?
Дали дел од фирмите во Македонија имаат некаква врска со финансирање на ВМРО?
Дали лицето С.З., познат како Симе, кој е на сликите во друштво со Мицкоски е поврзан со дрогата од 5 тони?
Тоа ли е причината што се молчи за овој картелски скандал?
Имаме и прашање до Латас. Кој ги координира акциите за Мицкоски во име на шефот, што пишува по инструкциите од БИА, покрај анти-ЕУ кампањата?
Што се прави во кризни ситуации кога нема одговор за Симе и за 5 тони дрога? Да се нападнат СДСМ и Заев или има некој нов пристап?
Има ли уште некој нов „д-р Жан“ за дефокус од картелските скандали на власта?