Background

СДСМ: Бетмен против ЕУ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

СДСМ со жалење констатира дека пропагандата на ВМРО и нивните агенти на социјалните мрежи и телевизии продолжува со истата доза на омраза, навреди и дезинформации.
Не постои ниту еден пост од агентите на ВМРO без погрдни зборови. Па така, во својот нов пост, Богдан Илиевски (познат како Бетмен велит) го нарекува претседателот на СДСМ “туп, глуп и неупотреблив идиот”, “Зоки Покито (мали Зоки, Зоќенце, Зоче)”, “Фенко Вилипче” и слични навреди.
Ова не е ништо ново од арсеналот на ВМРО, наместо аргументи, само лични напади и омаловажувања, црна кампања и јавен линч.
Што можеме да кажеме за човек кој години наназад се криеше зад псевдонимот “Бетмен велит”, претставувајќи се како суперхерој во сенка?
Која е таа врста на комплекс можеби “архитектонски комплекс на инфериорност”?
Наместо да се соочи со јавноста под свое име, тој изгради “тврдина” од анонимност, криејќи се зад маска како да е стрип-лик.
Тоа зборува за длабок комплекс на несигурност, типичен за оние кои се плашат од директна одговорност, а сега се претставува како “независен” глас, додека е длабоко вграден во машинеријата на ВМРО.
Во главниот дел од својот пост, Илијевски користи граматика од Блаже Конески за да ги оправда нападите на својот колега Драган врз Венко Филипче.
Ова е класичен ВМРО трик: фокусирање на граматика и семантика за да се избегнат вистинските прашања.
Ама, повторно, без никаков одговор на клучното: Зошто се фабрикува аферата преку Жан Митрев?
Зошто Алфа ТВ е организатор на овој ни малку наивен фејк њуз?
Наместо да се занимава со синтакса, нека објасни зошто Алфа ТВ, како мегафон на ВМРО, шири дезинформации заедно со познатиот кардиохирург во земјава, кој беше обвинет за измама на пациенти во 2023 година, а сега се појавува како гостин во емисиите на Илиевски.
Ова не е новинарство, ова е кампања за дефокусирање од вистинските проблеми.
Илијевски е еден од главните носители на анти-ЕУ кампањата во Македонија. На јавноста многу добро познат и како обвинет за настаните од крвавиот 27 април.
Сега тој и ВМРO водат систематска анти-ЕУ кампања, фокусирајќи се на вештачки проблеми со Бугарија околу јазикот и историјата.
Алфа ТВ е дел од истата машинерија која ја поткопува европската иднина на Македонија.
Еве да го прашаме и Богдан: Кој е вистинскиот сопственик на Алфа ТВ и тебе како “независен” агент на ВМРО?
Според јавните податоци, Алфа е во сопственост на “Алфа Скоп” со мнозински удел на “CHS Invest”, но е позната како ВМРО-вска телевизија, директорот Јани Бојаџи јавно призна дека е „провладина телевизија, односно ВМРО-вска.
Дополнително, била и дел од поширока истрага за реклами вредни 3,2 милиони евра од унгарски компании поврзани со Петер Шац, унгарски медиумски тајкун близок до Виктор Орбан, кои се користеле за поддршка на Никола Груевски и против Зоран Заев.
Ова не е независно новинарство, ова е алатка за пропаганда.
И по Конески, Илиевски останува инструмент за анти-ЕУ,  анти-САД и анти-Трамп кампањи, како што Алфа е креатор на фејк аферата со Жан Митрев.
Особено сега, со новиот Закон за демократија и просперитет на Западниот Балкан (усвоен во декември), кој предвидува санкции за политичари и бизнисмени блиски до власта кои се вклучени во криминал и корупција.
Овој закон опфаќа корупција кај клучни лидери, подривање на демократијата и напади, токму она што ВМРО го прави.
Тендер-коалицијата има свои платени Бетмени за свои “супер Хик” акции.
Затоа, подобро промени го името на социјалните мрежи во “Супер Хик”, тој краде од сиромашните за да им даде на богатите.
Уште еден супер ВМРО-херој.
Ова е таа школа на пропаганда за ВМРО „супер херои“!
Граѓаните на Македонија видоа дека овој Бетмен, агент на ВМРО е од истата онаа школа на пропаганда, навредување, некултура, невоспитаност и fake news, на која припаѓаат Бранко Героски – Геро и Ивона Талевска, позната по врската со Латас.
СДСМ останува посветена на евроатлантската иднина, без навреди и дезинформации.
Македонија заслужува подобро од вакви “херои”.

 

- Advertisement -
Ad image

Скопје, 19.01.2026

 

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Улица „Бихаќка“ бр. 8, Скопје

Република Северна Македонија

+389 2 3293 102; +389 2 3293 161

press@sdsm.org.mk

www.sdsm.org.mk

   

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation