Топ Вести - Слушај сега
Кога веќе толку добро ги познава американските закони кои ги цитира во својот текст, што вели Геро за новиот американски закон за Западен Балкан?
Последниот текст, ако така може да се нарече, претставува класичен пример на пропаганда во служба на ВМРО.
Додека Геро користи метафора „мртов коњ“ за да го нападне раководството на СДСМ, вистината е дека тој самиот е мртов коњ кого ВМРО сѐ уште го влече по главните улици на македонската политика.
Во својот текст, Геро цитира смешни и застарени американски закони за да ја илустрира својата поента против техничката влада, но целосно ја игнорира реалната американска политика денес.
Новиот закон, донесен во 2025 година и вграден во Националниот одбранбен акт за 2026 година, предвидува задолжителни санкции за лица кои се вклучени во корупција, дестабилизација на регионот, кршење на човековите права или попречување на клучните договори како оние од Дејтон, Охрид или Преспа.
Овој закон, по својата суштина, директно ги таргетира врските меѓу ВМРО и СНС од Србија, како и блиските односи меѓу Христијан Мицкоски и Александар Вучиќ.
Што вели Геро за ова?
Дали Мицкоски ќе одговара за своите коруптивни активности, особено за бизнисите со Вучиќ?
Очекуваме наскоро црни листи и санкции токму за СНС и нивните бизнисмени и функционери.
Дали Мицкоски и неговата дружина ќе бидат на тие листи?
Што вели Геро за ова?
Како тоа баш текстот насочен против Техничката влада и СДСМ на Геро го спонзорира Алта банка? Случајност?
Неговиот портал е спонзориран од Алта банка, која е директно поврзана со режимот на Вучиќ и служи како канал за извлекување на пари.
Дали сега е јасно зошто не е „Алфа“, како што се нарекува себеси, туку „Алта новинар“.
Тој не е независен новинар, туку алатка во рацете на коруптивните мрежи.
Неговите текстови се полни со манипулации и отсуство на новинарска етика, а сега е време да го прашаме Геро: Зошто молчи за новиот американски закон за демократија и просперитет на Западен Балкан, кој директно се занимава со корупцијата и криминалот во регионот?
Уште едно прашање за Геро.
Кој сѐ го финансира неговиот портал?
Колку пари добива од рекламирањето на Алта банка на својот портал?
Додека ВМРО се плаши од демократија и одговорност, сака да ја укине и последната одбрана – Техничката влада, СДСМ ќе продолжи да се бори за фер избори и крај на корупцијата.
Борбата започна!
Tagged as:
СДСМ - Алта новинар - Мртов коњ!
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
