Саудиска Арабија и Катар денеска соопштија дека ќе го отплатат долгот на Сирија кон Светска банка, што изнесува околу 15 милиони долари. Најавата за отплата на долгот уследи неколку дена откако гувернерот на сириската Централна банка и сирискиот министер за финансии учествуваа на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.
„Оваа обврска ќе го отвори патот за продолжување на поддршката и операциите на Светската банка во Сирија, по прекин од повеќе од 14 години. Тоа ќе ѝ обезбеди на Сирија и пристап до краткорочна финансиска поддршка за развој на критичните сектори“, се наведува во заедничкото соопштението.
Голем дел од инфраструктурата на земјата е уништена за време на 14-годишната граѓанска војна. Новите сириски власти работат на повторно поврзување со меѓународните институции за да ја поддржат обновата на земјата, да ја оживеат економијата и да обезбедат укинување на санкциите.
Светската банка ја прекина соработката со Сирија на почетокот на конфликтот.
Сириските власти се надеваат дека богатите земји од Персиски Залив ќе помогнат во обнова на земјата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
