Топ Вести - Слушај сега
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно реконструираната спортска сала „Работнички” ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ.
Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, Герасимовски посочи дека на следната седница на Советот ќе ја предложи точката салата официјално да биде именувана „Лазар Лечиќ”. Предлогот произлегол од иницијатива на ветераните на КК „Работнички” и спортската јавност, кои инсистирале името на салата да го продолжи духот и традицијата на клубот.
Герасимовски нагласи дека е особено горд како е реализиран проектот и се заблагодари на претходната и на актуелната Влада за финансиската поддршка што овозможила салата темелно да се реконструира.
„Имаме целосно нова сала, од кровот, ново осветлување и вентилација, до нов модерен паркет, нови санитарии, средени канцеларии за спортските федерции. Буквално од корен е реконструирана. За мене ова има посебно значење, а верувам и за сите центарци и скопјани”, посочи тој.
Герасимовски потсети дека првиот офиицијален натпревар во салата е планиран во петок, кога македонската кошаркарска репрезентација ќе одигра меч против селекцијата на Луксембург.
Tagged as:
САЛАТА РАБОТНИЧКИ ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО НА ЛАЗАР ЛЕЧИЌ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
