Директорот на Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија во Њујорк, професор Џефри Сакс, денеска изјави дека таканаречените „четворицата мускетари“, односно Велика Британија, Франција, Германија и Полска, нема да можат да обезбедат воена победа за Украина.
– Европските политичари се обидуваат да играат „цврсти момци“. Иако, строго кажано, целата ЕУ не е таква, туку Велика Британија, Франција, Германија и Полска, таканаречените „четири мускетари“ кои имаат намера да ја продолжат борбата против Русија – рече Сакс во интервју за ТАСС.
Според него, реториката на четирите земји се сведува на фактот дека мора да се вооружат, не смеат да попуштат, не смеат да прават компромиси.
– Тие всушност сега го задаваат тонот. Но, дали ќе можат да ги поткрепат овие изјави со вистинска воена помош за Украина и други акции? Не, во таа смисла, не – рече тој.
Сакс оцени дека овие земји не можат да обезбедат воена победа за Украина и дека тоа е „апсолутно јасно“.
Тој, исто така, истакна дека тие не успеале да го сторат тоа дури и кога САД биле „целосно на нивна страна“.
– А сега САД нема доследно да ја поддржуваат антируската воена линија – додаде светски познатиот економист и професор на универзитетот Колумбија.