Необична и драматична сцена се случи во Прилеп, каде што мајка заврши во полициска станица откако физички нападнала полициска службеничка. Настанот се случил синоќа доцна навечер во 23:10 часот, откако претходно нејзиниот син бил приведен за поседување марихуана.
Според информациите од МВР, полициските службеници ја лишиле од слобода 45-годишната Т.Б. од селото Бела Црква, општина Кривогаштани. Таа дошла во полициска станица во Прилеп и, наместо да побара информации за синот, реагирала бурно и нападнала полициска службеничка.
Нејзиниот син, 18-годишниот А.Б. од истото село, претходно во 19:30 часот бил приведен во селото Славеј, прилепско, откако кај него полицијата пронашла марихуана. Момчето било задржано во полициската станица за понатамошна постапка, но ситуацијата се вжештила кога мајката пристигнала и влегла во конфликт со службените лица.
– Случајот е целосно документиран, а по негово завршување против двајцата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – велат од МВР.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
