Според зборовите на еден од гардистите близок до режимот на Николас Мадуро, на почетокот на јануари американските сили спровеле прецизна и исклучително ефикасна операција во која, наводно без никакви сопствени загуби, неутрализирале голем број непријателски борци.
Сведокот тврди дека нападот започнал со целосен колапс на радарските и комуникациските системи, по што над позициите се појавиле дронови. Иако венецуеланските сили биле бројно понадмоќни, гардистот наведува дека немале никакви шанси.
Американските војници се опишани како технолошки далеку понапредни, со исклучително прецизно и брзо дејство кое, според неговите зборови, повеќе личело на „егзекуција отколку на борба“.
Најшокантниот дел од сведочењето се однесува на употребата на непознато оружје кое предизвикало тешки физички реакции. Гардистот тврди дека во еден момент бил активиран силен бран, кој го опишува како „звучен или енергетски шок“, по што припадниците на одбраната почнале да крварат од носот, да повраќаат крв и да ја губат способноста за движење. Многумина паднале на земја и не можеле повторно да станат.
Американската администрација сè уште официјално не ја потврдила веродостојноста на овие тврдења, иако објавувањето на сведочењето на социјалните мрежи го сподели портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, што предизвика дополнителни шпекулации.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Венецуела, околу 100 припадници на безбедносните сили биле убиени во нападот на 3 јануари, но не е јасно дали некои од овие жртви се резултат на употребата на споменатото оружје.
Стручни извори кои ги цитира „Њујорк пост“ наведуваат дека американската војска развива таканаречено оружје со насочена енергија, како микробранови или ласерски системи, кои можат да предизвикаат симптоми како дезориентација, болка, крварење и привремена парализа. Меѓутоа, доколку наводите се точни, ова би бил првиот познат случај на нивна употреба во вистинска борбена операција од страна на САД.
На крајот, сведокот истакнува дека операцијата веќе предизвикала силен одговор во Латинска Америка и дека настанот се доживува како јасна порака за американската воена надмоќ. Според неговите зборови, она што се случи во Венецуела би можело да има пошироки регионални последици.
Приказната никогаш не поминала новинарски „fact-checking“ (проверка на фактите), не е познато кој е анонимниот „чувар“, ниту пак е потврдено дека интервјуто воопшто било спроведено. И покрај тоа, приказната доби на легитимитет кога ја објави Керолајн Левит, портпаролката на Белата куќа.
„Престанете со тоа што го правите и прочитајте го ова…“, објави таа на официјалниот профил на Х и го сподели наведениот текст со што ги зголеми прашањата на јавноста.
Tagged as:
САД УПОТРЕБИЛЕ МИСТЕРИОЗНО ОРУЖЈЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА?!
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
