Полициски службеник е повреден во несреќен случај на Граничниот премин Меџитлија, откако при проверка на сопственото службено оружје испукал еден куршум и си нанел повреда на раката.
Инцидентот се случил вчера околу 14 часот. Според првичните информации, полицаецот изведувал рутинска проверка на пиштолот кога дошло до ненамерно пукање. Колегите веднаш реагирале и му помогнале додека пристигнеле службите за итна медицинска помош.
Во тек е истрага за да се утврдат сите околности на инцидентот. На местото на настанот биле повикани претставници на внатрешната контрола и трудов инспектор, а бил известен и јавен обвинител.



























