Руте смета дека Алијансата ќе стане посилна со Трамп на чело на САД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, очекува дека враќањето на Доналд Трамп како претседтаел на САД ќе значи брзо и значително зајакнување на западниот воен сојуз.

„Со враќањето на претседателот Трамп на функцијата, ќе ги засилиме трошоците за одбрана и производството“, објави Руте на социјалната мрежа Икс.

Руте му упати „топли честитки“ на Трамп за неговата инаугурација како 47-ми претседател на САД и му честиташе на Џеј-Ди Венс кој сега е потпретседател.

„Заедно можеме да постигнеме мир преку сила – преку НАТО“, заклучи Руте.

Трамп ги повика земјите-членки на НАТО да одвојат 5% од својот бруто домашен производ за одбраната, наспроти претходната цел на НАТО од 2%.

Share This Article