Топ Вести - Слушај сега
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вети континуирана поддршка од алијансата за Украина на четиригодишнината од инвазијата на Русија, која почна на 24 февруари 2022 година.
– НАТО стоеше покрај Украина од почетокот. Стоиме со вас денес и ќе стоиме со вас низ сите предизвици што претстојат – изјави денеска Руте во седиштето на алијансата во Брисел.
Според Руте, од врвно значење е Украина да продолжи да ја добива воената, финансиската и хуманитарната помош што ѝ е потребна.
Руте истакна дека воената помош, вклучително и онаа за противвоздушна одбрана, е „суштинска“, но додаде дека „на Украина ѝ треба повеќе“.
– Бидејќи само ветувањето за помош не ја завршува војната. На Украина ѝ треба муниција денес, и секој ден, сè додека не престане крвопролевањето – нагласи тој.
Шефот на НАТО, исто така, ги повика сојузниците да се обврзат да обезбедат мир во Украина откако ќе престанат борбите, пренесе ДПА.
– Кога борбите конечно ќе престанат, мирот мора да се одржи. Со силни украински сили подготвени да одвратат и да се одбранат, и со ефикасни безбедносни гаранции од партнерите на Украина: Европа, Канада и Соединетите Американски Држави – рече тој.
Генсекот заклучува:
– Украинскиот народ заслужува праведен и траен мир. Нивната безбедност е наша безбедност. Не може да има вистински мир во Европа без вистински мир во Украина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
