Русија и САД почнаа разговори во Саудиска Арабија за можен прекин на огнот во Украина, која е под офанзива на Кремљ веќе три години, јави руската агенција ТАСС, повикувајќи се на извор близок до преговорите.
Русија ја претставуваат претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Горниот дом на рускиот парламент, Григориј Карасин и висок функционер на Руската служба за безбедност (ФСБ), Сергеј Беседа.
Разговорите се водат во хотелот Риц-Карлтон во Ријад.
Во главниот град на Саудиска Арабија вчера се одржаа разговори меѓу украински и американски претставници.
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, кој ја предводи делегацијата на неговата земја, синоќа изјави дека „разговорот бил продуктивен и насочен“.
„Допревме клучни прашања, вклучително и енергијата“, рече Умеров, додавајќи дека Украина работи на постигнување на својата цел за „праведен и траен мир“.