Background

Руските сили ноќеска и рано утрово извршија нов масовен напад во главниот град на Украина, Киев, што предизвикаа повеќе пожари, а остатоци од урнати објекти се расфрлани низ неколку области во градот

Руските сили ноќеска и рано утрово извршија нов масовен напад во главниот град на Украина, Киев, што предизвикаа повеќе пожари, а остатоци од урнати објекти се расфрлани низ неколку области во градот, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко, пренесоа светските агенции.

Според него, вкупно 16 лица се повредени во повеќекратните напади со беспилотни летала и ракети, додека бројни екипи од единиците за итни случаи се испратени на погодените места за справување со последиците. Според него, меѓу повредените има и едно 10-годишно дете.

Извештатите на агенциите Ројтерс и Асошиејтед прес (АП) наведуваат дека во украинската престолнина одекнале низа силни експлозии, а била активирана и противвоздушната одбрана. Според инфромациите, пет лица се хоспитализирани, од кои еден маж и една бремена жена се наоѓаат во критична состојба.

- Advertisement -
Ad image

Официјалните лица издале предупредување дека во тек е напад на главниот град, повикувајќи ги жителите да останат во засолништата додека не се укине тревогата за воздушен напад, а градските власти известиле дека се можни прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Фотографии и снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат згради во пламен на повеќе локации и жители како се собираат на улиците на кои можат да се забележат урнатини пред станбените згради, пренесува „Гардијан“.

Градиначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека системот за греење, исто така, претрпел оштетувања, поради што услугата е прекината во еден округ. Тој предупреди дека се можни прекини и во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Нападот доаѓа откако претставници на Европската Унија оваа недела предупредија дека Украина мора да продолжи да се бори против корупцијата по големиот скандал што доведе до оставки и остранувања од функциите на повеќемина високи функцинери од енергетскиот сектор на земјата.

Европските челници, исто така, дадоа силно уверување дека помошта за Киев за одбрана од руската агресија ќе продолжи и понатаму.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation