Топ Вести - Слушај сега
Руски научници тврдат дека ја развиле првата генетска терапија што може целосно да го искорени вирусот на хепатитис Б – болест која денес бара доживотна терапија.
Лабораторијата за генетски технологии при Универзитетот „Сеченов“, под раководство на Дмитриј Костјушев, објави дека користи модифицирана ЦРИСПР/Цас9 технологија со биокамуфлажа, создадена без вирусни компоненти.
– Користејќи систем на биоразградливи наночестички, првпат успеавме да спакуваме CRISPR/Cas комплекси со ефикасност од речиси 80 проценти – изјави Костјушев за „РИА Новости“.
Тој објаснил дека секоја наночестичка содржи стотици копии на антивирусни комплекси кои целосно ги елиминираат вирусните фрагменти во клетките. По 24 часа, според него, во црниот дроб не остануваат траги од лекот, а клетките не го препознаваат како туѓо тело.
„Нашите системи за испорака се универзални – можат да се користат за корекција на мутации, уништување тумори или сузбивање инфекции“, додал научникот, навестувајќи дека истата технологија би можела да се примени и против рак.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
