Рускиот вицепремиер Александар Новак денес објави дека Русија одлучила да ги укине царините за увоз на гориво, но нагласи дека во моментов нема потреба да се купуваат нафтени производи од странство.
Оваа информација ја објави телевизијата „Росија 1“, додека западните агенции објавија дека во некои делови од Русија веќе се чувствува недостиг на бензин, што ги принуди локалните власти да воведат ограничувања за продажба на гориво по серијата напади со украински беспилотни летала врз руските рафинерии.
Новак објасни дека побарувачката за гориво во земјата се намалила во последните недели и дека пазарот како целина е стабилен.
– Ситуацијата е стабилна, а домашниот пазар е целосно снабден со нафтени деривати. Владата одлучи да ја укине увозната давачка – рече Новак.
Тој додаде дека руската влада го ограничила извозот на дизел за препродажба и ја продолжила забраната за извоз на бензин.
Според Новак, целта на овие мерки е да се обезбедат дополнителни количини гориво за домашниот пазар.