Белорускиот лидер Александар Лукашенко го остави рускиот колега Владимир Путин да чека, ретка ситуација, објави РусијаДенес на мрежата Икс, споделувајќи кратка снимка.
Рускиот претседател стоеше сам на црвениот тепих, гест што некои го толкуваат како симболична порака за новата динамика во нивните односи. На снимката Путин за кратко ги разгледува предметите на масата оставени до белоруското знаме.
Белорускиот лидер претходно навести дека ќе му достави пораки од американската страна на Путин, јавува РТ.
Иако такви сценарија не се секојдневни, Путин и порано бил оставен да чека. Во јули 2022 година стоеше сам во сала додека го чекаше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, што стана тема во медиумите. Ројтерс тогаш напиша дека Путин чекал 50 секунди.