Русија ќе ги брани своите интереси на Арктикот и бројот на војници таму ќе расте, изајви рускиот претседател Владимир Путин пред членовите на Меѓународниот арктички форум., јави Скај Њуз. Путин ја коментираше состојбата со островот Гренланд за кој американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати изјави дека сака да го припои кон САД.
– Би било голема грешка да се мисли дека ова е само некоја ексцентрична приказна за новата американска администрација, бидејќи не е. Слични планови првпат беа јавно претставени во Вашингтон во 1860-тите, но предлогот за анексија на Гренланд и Исланд беше одбиен од Конгресот во тоа време. Овие планови имаат длабоки историски корени и очигледно е дека САД ќе продолжат да ги туркаат своите геополитички, воени и економски интереси на Арктикот. Прашањето за Гренланд нема никаква врска со Русија, но ние сме загрижени поради фактот што земјите од НАТО сè повеќе го признаваат далечниот север како упориште за можни конфликти. Русија сигурно ќе ги брани своите интереси на Арктикот, бројот на војници таму ќе расте. Русија ќе одговори и на вклучувањето на Финска и Шведска во активностите на Алијансата – рече Путин.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
