Руската војска нападнала воен аеродром во близина на украинскиот град Кривој Рог, каде што се наоѓале авиони на НАТО. Како што пренесуваат светски медиуми, се слушнале околу 15 експлозии на аеродромот „Лозовацки“, на северот од градот, каде што имало околу пет авиони, меѓу кои имало и авиони на НАТО. Нападот бил извршен со беспилотни летала „шахед“.
Украинските власти соопштија дека руските сили редовно напаѓаат локации каде што се наоѓа воен персонал и техника, како и врз објекти од инфраструктурата на Украина – објекти од енергетскиот сектор, одбранбената индустрија, военото управување и комуникациите.
Претседателот на Украина, Володомир Зеленски напиша на Телеграм дека Русија продолжува да ги тероризира жителите на Украина.
„Ништо не се промени за Русија, таа продолжува да го тероризира животот во Украина. Рој беспилотни летала го погодија Кривој Рог таргетирајќи ја цивилната инфраструктура. Десетици други дронови се појавија на нашето небо. Забележани се и проектили. Не помина ниедна ноќ без руски напади врз Украина. Повеќето од целите се инфраструктурни објекти, систематска кампања на терор против нашиот енергетски сектор“, се вели во објавата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
