Руските сили напредуваа денеска во јужна Украина и ги пробија украинските линии на помалку од 50 километри од Запорожје, изјавија руски официјални претставници и воени блогери.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски војници го зазеле селото Степове во областа Запорожје.
Јуриј Подољака, еден од повлијателните проруски блогери, објави дека го зазеле и соседното село Мали Шчербаки.
– Нашите сили ги пробија одбранбените линии во правец на Запорожје – изјави Подољака.
Русија вчера се обиде да ги истисне последните украински војници од западна Русија, седум месеци откако Украинците ја нападнаа областа Курск.