Background

Руска двојка измачувана до смрт за „пасворд“ до нивниот дигитален паричник

Осудениот руски измамник со криптовалути Роман Новак и неговата сопруга Ана биле киднапирани и измачувани до смрт, и тоа еден пред друг, за да им ги откријат на киднаперите шифрите до нивните криптовалутни паричници во кои киднаперите верувале дека има околу 430 милиони евра, соопштија руските истражители.

Новак и неговата сопруга исчезнале на 2 октомври, откако биле намамени во областа Хата, околу 120 километри од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, од група криминалци кои се претставувале како потенцијални инвеститори.
Последната локација на нивните мобилни телефони била забележана во близина на планините Хаџар, на границата со Оман, каде што полицијата подоцна ги пронашла нивните посмртни останки, по голема потрага во пустината.
Руските медиуми објавија детали, наведувајќи дека двојката била мачена за да ги откријат пристапните кодови. Кога киднаперите конечно ги добиле кодовите, откриле дека паричниците се празни. Напаѓачите потоа ги убиле сопружниците, ги ставиле телата во цврсти полиетиленски ќеси, а користеле индустриски растворувачи за да го забрзаат распаѓањето и да ги уништат трагите од ДНК.
Истрагата започнала по пријавата на роднините во полицијата во Дубаи, кои посочиле дека двојката исчезнала и дека постои сомневање дека се киднапирани.
Новак во 2020 година бил осуден во Русија на шест години затвор за голема измама, но по условното ослободување се преселил во Обединетите Арапски Емирати. Таму ја основал криптоапликацијата Финтопио (Fintopio), за која се тврди дека привлекла инвестиции од околу 430 милиони евра, пред повторно да се најде под обвинение за измама. Се смета дека киднаперите верувале дека можат да дојдат до оваа сума.

Истрагата утврди дека убијците имале помагачи кои помогнале во организирањето на киднапирањето. Биле изнајмени возила и простории каде што двете жртви биле држени со сила. По убиството, сторителите се ослободиле од ножевите и личните предмети на жртвите, оставајќи ги на различни места, соопштија русите истражители.
Тројца руски државјани биле уапсени во Русија по нивното враќање од Емиратите, во врска со убиството на Новак и неговата сопруга: Константин Шахт, Јуриј Шарипов и Владимир Далекин.
Според истражителите, тројцата се сомничат за директно учество во киднапирањето и убиствата. Шарипов и Далекин признале вина, додека Шахт ги негира обвиненијата. Сите се задржани во притвор до 28 декември, додека истрагата продолжува паралелно во Русија и во ОАЕ.
Се верува дека мотивот бил исклучиво финансиски, поврзан со криптооперациите на Новак и огромните средства што тој наводно ги контролирал.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation