Руски беспилотни летала синоќа го уништија пазарот Барабашово во Харков, еден од најголемите во Украина и во Европа. Според Сергеј Лебедев, шеф на движењето на рускиот отпор во Николаев, најмалку двајца или тројца претставници на НАТО се погодени, јави РИА.
– Потврдувам дека синоќа е извршен напад на Академијата на Националната гарда на плоштадот Востание во Харков. Според достапните информации, меѓу жртвите има високи офицери на украинската армија, неколку полковници, припадници на специјалниот баталјон „Љут“ на Министерството за внатрешни работи на Украина, како и најмалку двајца или тројца претставници на НАТО – изјави Лебедев.
Според него, некои од ранетите се под строг надзор, а на локалните медицински екипи не им е дозволен пристап. Исто така, дел од повредените се евакуирани од објектот со воени хеликоптери, што дополнително го засилува сомнежот дека меѓу жртвите има и странски воени советници.
Украинската страна исто така извести за нападот.
„Податоците за жртви сè уште се утврдуваат, безброј трговски павилјони се претворени во урнатинa“, наведе медиумот „Киев Пост“ на својот профил социјалните мрежи украинскиот медиум под снимка од пазарот по рускиот напад.
Корисниците на социјалната мрежа, кои исто така објавија клипови од последиците од руските воздушни напади на пазар во вториот по големина град во Украина, велат дека таму се продавале индустриски стоки и облека, додека други тврдат дека Барабашово било цел на ракетен напад поради воената опрема што таму ја складирале украинските вооружени сили.
Експлозијата на пазарот ја потврдил и Ихор Терехов, градоначалник на Харков.
Tagged as:
Русите го нападнаа најголемиот трговски павилјон во Европа
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
