Русија денеска објави дека ги прогласила за персона нон грата романското воено аташе и неговиот помошник, на кои им е наредено да ја напуштат земјата, како одговор на слична мерка што Букурешт ја презеде во март против руските дипломати.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одбранбеното аташе во дипломатската мисија во Москва и неговиот помошник се прогласени за персона нон грата.
Рускиот вршител на должност во Романија, Лилијана Бурда денеска беше поканета во министерството за да и ја пренесе оваа порака, се наведува во соопштението.
„Оваа мерка е одговор на немотивираната одлука на романската страна да ги прогласи за непожелни лица военото аташе на руската амбасада во Букурешт и неговиот помошник“, соопшти руското Министерство.
Романија најави протерување на руски дипломати на 5 март, обвинувајќи ја Москва за мешање во пресудата на екстремно десничарскиот претседателски кандидат Калина Ѓорѓеску.
Романското министерство како оправдување за овие протерувања ги наведе активностите кои ја прекршуваат Виенската конвенција, без да даде дополнителни детали.
Еден ден пред тие најави, Букурешт укажа на низа хибридни акции чија цел е поткопување на демократијата во Романија.
Според медиумите, името на протераниот помошник на военото аташе се појавило во судското досие на Калин Ѓорѓеску. Ѓорѓеску е осомничен дека го искористил руското мешање за време на романските претседателски избори во ноември 2024 година, на кои тој беше прв во првиот круг, но кој на крајот беше поништен.