Топ Вести - Слушај сега
Најмалку 5 нафтени танкери кои се наоѓале во близина на брегот на Венецуела ги промениле своите знамиња и се регистрирале под руско знаме, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на поморски и на безбедносни извори.
Според медиумот, овој потег е одговор на засилените активности на американската морнарица, која спроведува поморска блокада на Венецуела и почна акција за „лов на бродови од таканаречената флота во сенка“, кои превезуваат нафта спротивно на западните санкции.
Првиот брод што го заменил знамето и името е танкерот „Бела 1“, кој сега плови под името „Маринера“, а набрзо го следел и танкерот „Хиперион“.
„Волстрит Џурнал“ претходно објави дека Русија упатила подморница за да го следи танкерот „Маринера“, откако САД наводно се обиделе да го запленат во близина на венецуелските води. Танкерот две недели се обидувал да ја заобиколи блокадата за да стигне до пристаништата за утовар на нафта.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека брод на американската крајбрежна стража со денови го прогонува танкерот „Маринера“, иако тој се наоѓа на околу 4.000 километри од брегот на САД. Москва порача дека со загриженост го следи развојот на настаните и предупреди на сериозен ризик од ескалација на воените дејствија на море.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
