Русија денеска објави дека разменила 150 украински воени заробеници со Украина за исто толку руски затвореници и ова останува една од ретките теми на кои двете земји во војна успеваат да соработуваат.
Руското Министерство за одбрана, кое ја објави размената, соопшти дека Русите во моментов се во Белорусија каде што добиваат „психолошка и медицинска помош“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, од своја страна, на Телеграм напиша дека „денес е добар ден за Украина бидејќи враќа 150 свои бранители од руско заробеништво“.