Топ Вести - Слушај сега
Русија и Украина постигнале значаен напредок и конкренти резултати во новата рунда разговори во Женева, изјави специјалниот претставник на претседателот на САД, Стивен Виткоф.
„Двете страни се согласија да ги информираат своите лидери за наодите и да продолжат да работат кон постигнување договор“, објави Виткоф на социјалните медиуми.
Новата рунда мировни преговори која се одржа на 17 февруари траела 4 ипол часа. Разговорите продолжуваат и денеска, на 18 февруари, што укажува на засилен дипломатски ритам и обид да се изгради рамка за евентуален договор.
Женева повторно стана сцена на интензивна дипломатија. Соединетите Американски Држави ги олеснуваат трилатералните разговори меѓу американските, руските и украинските претставници.
И покрај сигналите за напредок, внатрешните разлики во Киев остануваат чувствителен фактор. Според британски „Економист“, украинската делегација е поделена околу темпото и условите за мировен договор.
Едното крило смета дека интересите на Украина најдобро се штитат со брз договор под покровителство на САД. Проценката е дека „прозорецот на можности“ може наскоро да се затвори.
Другото крило покажува поголема воздржаност кон брз компромис и се поврзува со влијанието на поранешниот началник на Генералштабот, Андриј Јермак.
Овие разлики ја отсликуваат сложеноста на политичката состојба во Киев. Исходот нема да зависи само од позициите на Москва и на Вашингтон, туку и од кохезијата на украинскиот тим.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за „Аксиос“ изјави дека би ги повлекол украинските трупи од регионот Донбас само ако Русија го стори истото. Зеленски изрази незадоволство што, како што вели, САД бараат отстапки за компромис само од украинската страна.
Украинскиот лидер призна и дека народот во Украина нема да му прости ако ја предаде територијата на Донбас на Русите. Наместо тоа, Зеленски предлага референдумското прашање за мировен договор да биде за замрзнување на линиите на фронтот, нешто што според него би го прифатиле повеќето Украинци.
Вашингтон во последно време го засилува притисокот врз Киев за мировен договор. Западните медиуми пишуваат дека неофицијално од Украина се бара и до мај да спроведе парламентарни избори заедно со референдумот за мировен договор за војната.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
