Русија го задржува правото да го отповика ангажманот во договорениот мораториум за напади врз енергетските објекти на Украина, доколку Киев продолжи со слични напади

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Русија го задржува правото да го отповика ангажманот во договорениот мораториум за напади врз енергетските објекти на Украина, доколку Киев продолжи со слични напади, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Вашингтон во вторникот објави дека постигнал одделни договори со Украина и Русија за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура, надевајќи се дека ова ќе биде почеток за пошироко примирје и мировни преговори.

Сепак, Русија и Украина веќе се обвинија меѓусебно за напад врз гасна мерна станица во руската Курска област, која е клучна за извозот на руски гас кон Европа.

– Русија го задржува правото да не го почитува договорот доколку украинскиот режим продолжи да го прекршува – изјави Песков пред новинарите. Нема смисла ние да се придржуваме до него, а секоја ноќ да се соочуваме со напади врз нашите енергетски објекти – додаде тој.

Сепак, според него, Русија засега ќе остане посветена на договорот.

Кремљ ја обвини Украина дека не го почитува мораториумот, а според Песков, тоа покажува дека украинската армија е вон контрола и не ги слуша наредбите на државното раководство.

Песков додаде дека вооружените националистички сили во Украина добиваат на сила, поради што рускиот претседател Владимир Путин ја спомнал можноста за привремена влада во Киев под меѓународен надзор – идеја што Украина ја нарече „апсурдна и неприфатлива“.

– Путин не го дискутирал ова со американскиот претседател Доналд Трамп – нагласи Песков.

Украинската армија строго се придржува кон договорите со меѓународните партнери и не напаѓа руска енергетска инфраструктура, туку цели исклучиво воени објекти, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина преку „Фејсбук“, пренесе  Укринформ.

- Advertisement -
Ad image

Во соопштението се наведува дека руското Министерство за одбрана продолжува да шири дезинформации, обвинувајќи ја Украина за напади врз енергетски капацитети во Русија и на окупираните територии.

„Во исто време, Москва самата ги крши меѓународните договори, напаѓајќи ја украинската енергетска инфраструктура. Само во последните 24 часа, руска артилерија оштети енергетски објекти во Херсонската и Полтавската област“, соопшти Киев.

Украинскиот Генералштаб соопшти дека во врска со ова очекува соодветна реакција од меѓународните партнери на Украина.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article