Кремљ денеска соопшти дека ги презема „сите потребни мерки“ за да обезбеди сигурност за време на прославата на Денот на победата во Москва, вклучително и ограничување на пристапот до интернет услугите во градот заради заканите од Украина, за што беше побарано разбирање од граѓаните на руската метропола.
– Тоа не се дефекти. Тоа се ограничувања во работењето на мобилниот интернет од очигледни причини. Секако, треба да се однесуваме кон ова со апсолутно разбирање – изјави на брифинг Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
Специјалните служби и нашата армија ги преземаат сите потребни мерки за да се обезбеди прославата на Големата победа да се одржи во мирна и стабилна атмосфера, изјави Дмитриј Песков, пренесен од руските медиуми.
Тој додаде дека „функционирањето на мобилниот интернет е ограничено“ со цел, како што изјави, „да се земе предвид опасното соседство.