Топ Вести - Слушај сега
Претседателот на Бугарија Румен Радев во вонредно обраќање до нацијата, поднесе оставка од функцијата. Тој се одлучи на ваков чин на датумот на кој положи заклетва за својот втор мандат пред 4 години.
– Денеска би се обраќам како претседател за последен пат. Прво сакам да ве замолам за прошка, времето ја тестираше вашата доверба, затоа ви благодарам за вашето трпение – изјави Радев.
Во вторник тој ќе ја предаде оставката до уставниот суд, а неговата позиција ќе ја преземе потпретседателката Илијана Јотова.
– Убеден сум дека Јотова ќе биде фостоен шеф на државата. Сакам и на неа да и се заблагодарам за поддршката во овие девет години. За овие девет години како потпретседател и претседател, докажавме дека можеме да работиме синхронизирано кога имаме цел. И убеден сум дека Јотова ќе биде достоен претседател – рече Радев.
Радев извести што се случило во последните девет години, напоменувајќи дека Бугарија се приклучи кон Шенген и еврозоната, но објасни зошто постигнувањето на овие цели не донесе стабилност и задоволство, затоа што излезноста на граѓаните опаѓа и зошто луѓето не му веруваат на судскиот систем.
– Одговорот лежи во злобниот систем на управување. Има надворешни знаци на демократија, но функционира според механизмите на олигархијата. Политиката се случува надвор од институциите – изјави Радев.
Румен Радев ја поднесе оставката во период на продлабочена политичка нестабилност во Бугарија, по серија предвремени парламентарни избори и долготрајна неможност за формирање стабилна влада. Во изминатите години, земјата неколкупати излезе на избори, а институционалната блокада, слабата доверба во политичките партии и обвинувањата за корупција останаа клучни теми во јавниот дискурс.
Во своите јавни настапи, Радев често ја критикуваше актуелната политичка елита и повикуваше на „реална промена“ во начинот на управување со државата. Аналитичарите во Софија оценуваат дека неговата оставка може да биде вовед во активен политички ангажман надвор од претседателската функција, со можност за формирање нова политичка партија и учество на следните избори, во обид да се капитализира неговата поддршка кај дел од гласачите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
