Топ Вести - Слушај сега
Најголемите концесионери во рударскиот сектор од прилепско бараат засилен инспекциски надзор на терен и почести директни средби со институциите со што побрзо ќе се решаваат отворените прашања иќе се обезбеди подобра координација во секторот.
Ова тие го посочија на средба со министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска во Прилеп.
Концесионерите се уверени дека со отворањето новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе се придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.
На, како што информира Министерството за енергетика и рударство, присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини.
Во дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.
Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.
-Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор – рече Божиновска.
Tagged as:
РУДАРСТВОТО БАРА ТЕРЕНСКИ ИНСПЕКЦИИ И БРЗО РЕШАВАЊЕ НА ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
