Рударскиот сектор во Македонија бележи загрижувачки пад

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Додека глобалните сили интензивно се натпреваруваат за пристап до клучни минерални суровини како бакар, кобалт, литиум, силициум и цинк, кои се од суштинско значење за зелената транзиција, рударскиот сектор во Македонија бележи загрижувачки пад.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во јануари 2024 година, во однос на истиот месец претходната година, е намалено за 14,2 проценти.

Овој негативен тренд дополнително ги продлабочува економските предизвици во земјата, особено ако се земе предвид дека Македонија располага со значителни минерални ресурси.

Според професорот д-р Теодор Серафимовски, експерт за минерални суровини, земјата има голем потенцијал за експлоатација на полиметални минерални суровини, особено олово, цинк, бакар и злато, при што среброто се јавува како нуспроизвод.

– Не е тајна дека Македонија има потенцијал за полиметални минерални суровини, најнапред за олово, цинк, бакар и зa злато, а нуспродукт е и среброто. Земјава има потенцијал и за ретки елементи, како што се германиумот, кој се добива во олово-цинковите рудници, како и платината и паладиумот, кои се поврзани со златно-бакарните рудници. Од тој аспект, Македонија може да смета на истражување на потенцијалните локалитети и за во иднина – изјави неодамна професорот Серафимовски за Плусинфо.

Сепак, наместо развој, македонското рударство се соочува со административни пречки, недоволни инвестиции и неизвесност во однос на идните проекти. Додека државите ширум светот вложуваат милијарди во нови рударски капацитети за да ги задоволат потребите на индустријата и енергетската транзиција, Македонија ризикува да го изгуби сопствениот потенцијал поради нефлексибилни политики и несигурност за инвеститорите.

Професорот Серафимовски истакнува дека Македонија може да инвестира сопствени средства во искористување на овие минерални суровини, особено оние кои се класифицирани како критични и се барани во Европа.

– Во последно време, Европа се фокусира на критични минерални суровини како цинк и антимон. Македонија во минатото произведувала антимон, но производството е запрено во последните неколку децении. Со оглед на зголемената побарувачка за овој минерал, државата треба да ја процени оправданоста за обновување на производството и да бара заинтересирани инвеститори за доделување концесии – додава тој.

Нашата земја изобилува со локации на кои можат да се отворат нови рудници. Во последно време се актуелни наоѓалиштата Иловица-Штука и Казандол.

- Advertisement -
Ad image

– Процесот на отворање на овие два рудника беше со низа недостатоци, политизација, предизборни ветувања и слично, па така сега се чека епилог на меѓународен суд. Жално е што во Казандол се почнати рударските активности кои се прекинати, а природата е нарушена и оставена на забот на времето. Сето тоа е резултат на нејасните и недоволно дефинираните развојни активности – објаснува за Плусинфо поранешниот претседател на Македонската асоцијација на рударството (МАР), Николајчо Николов, кој е и поранешен извршен директор на рудникот „Бучим“.

Во услови на светска борба за минерални суровини, Македонија не смее да си дозволи да остане на маргините. Според експертите, неопходно е да се донесе јасна стратегија за развој на рударството, со цел искористување на природните ресурси на одржлив и економски исплатлив начин, во интерес на економскиот развој на земјата.

Share This Article